Расте притисокот врз Софија, Петков одлучил дека иднината на С.Македонија и Албанија мора да биде во ЕУ

од Берта Китинска
191 прегледи

Одлучив дека иднината на Северна Македонија и Албанија мора да биде во ЕУ. Ова е добро за регионот, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за романската телевизија Диги 24 ТВ, емитувано на 9 мај.

Според Петков, Бугарите треба да осознаат дека НАТО не е во Бугарија, туку – Бугарија е во НАТО.

Во однос на компромисот за ветото за евроинтеграцијата на Скопје и за тоа што ќе се случи со односите ако неговата Влада падне Петков рекол дека не може да биде одговорен за ништо во таков случај.

– Не можам да сум одговорен за ништо во таков сллучај. Одлучив дека иднината на Северна Македонија и на Албанија треба да е во ЕУ, и тоа е добро за регионот, изјавил Петков.

Тој на крајот на април ја посети Романија и таму со својот колега Николае Чука разговараше на тема природниот гас и можностите за набавка на енергенсот преку гасоводот од северениот бугарски сосед.

Извесно е дека расте притисокот врз Софија, Стејт департментот објави дека државниот секретар на САД Ентони Блинкен за време на виртуелната средба со Петков ја истакнал „важноста од брз пристап во ЕУ за квалификуваните аспиранти“. Бугарија да го откочи патот на Скопје кон ЕУ, му рекол Демократскиот сенатор Крис Марфи за време на вчерашната средба во Вашингтон.

-Разговаравме и за важноста од напредок на билатералните разговори со Северна Македонија за деблокирање на патот на Скопје кон членство во Европската Унија. Членството на Северна Македонија на крајот е во интерес на Бугарија и јас јасно ја ставив до знаење поддршката на САД за заклучок кој обезбедува пат напред, се вели во соопштението од канцеларијата на Марфи.

Слични содржини