Ратификацијата на Договорот со ФРОНТЕКС денеска пред пратениците во Собранието

од Nikola Popovski
174 прегледи

Првата пленарна седница на Собранието за годинава ќе започне денес, а една од точките на дневниот ред е ратификација на договорот меѓу Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (Договорот со ФРОНТЕКС).

На предложениот дневен ред на оваа 99. седница ставени се 15 точки, главно закони.

Со Договорот, кој е прв ваков договор меѓу Северна Македонија и Унијата потпишан на македонски јазик, се уредуваат сите прашања неопходни за распоредување тимови за управување со границите од постојаниот корпус на Европската гранична и крајбрежна стража во Репулика Северна Македонија при што членовите на тимот може да вршат извршни овластувања на територија на државава.

Договорот беше потпишан на 26-ти октомври 2022 година во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Тоа е прв ваков договор помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија на македонски јазик.

Овој Договор има оперативно и политичко значење и за Северна Македонија и за Европската Унија.

Со договорот ФРОНТЕКС, заеднички е оценето дека е направен нов чекор напред во европското единство, во коешто активно придонесува Република Северна Македонија и од позицијата на земја преговарач со Европската Унија, а којашто, како што е безрезервно изразено, е очекувана и добредојдена во скоро време во Унијата, како полноправна членка.

Слични содржини