Ратко Младиќ осуден на доживотен затвор

од Stefanija Kuzmanovska
382 прегледи

Жалбениот совет на Механизмот за кривични судови во Хаг денес го прогласи за виновен поранешниот командант на Армијата на Република Српска (ВРС), Ратко Младиќ, и го осуди на доживотен затвор, пренесува „N1 Sarajevo“.

Судијката што претседаваше, Приска Матимба Нијамбе, на почетокот го праша Ратко Младиќ дали може да ја следи постапката на јазик што го разбира, што тој го потврди и рече дека може.

На почетокот, судијката потсети на улогата на Ратко Младиќ и функциите кои ги извршувал за време на војната, односно дека тој бил командант на Армијата на Република Српска. Потоа беше прочитано обвинението за 11 точки. Таа потсети дека тој е осуден на доживотен затвор и е прогласен за виновен за геноцид во областа Сребреница во 1995 година и за прогон, истребување, убиство, протерување, присилно пренесување на населението, тероризам, нелегални напади врз цивили и заложништво и дека тој не е виновен за геноцид во пет општини во БиХ.

Судијата се повика на жалбата на неговата одбрана и дека бараат ослободителна пресуда или алтернативно повторување на постапката. Обвинителството, рече судијата, што го оспорува УЗП, како и ослободителната пресуда за геноцид според точка 1. Обвинителството бараше да ги исправи грешките и да му се изрече пресуда на г. Младиќ за тоа дело.

Што се однесува до жалбите на Младиќ, претседавачкиот совет ги прочита сите точки кои ги оспори одбраната на Младиќ во првостепената пресуда, но сите жалби беа одбиени, со спротивно мислење за некои точки.

Исто така, Жалбениот совет ја одби жалбата на Обвинителството во Хаг за геноцид во пет општини во БиХ.

Првостепената пресуда против Ратко Младиќ е потврдена, пренесува „N1 Sarajevo“.

Осудениот генерал Младиќ беше во притвор во Шевенинген од 31 мај 2011 година, откако беше уапсен од српските власти во Лазарево кај Зрењанин на 26 мај и екстрадиран во Трибуналот.

Слични содржини