Изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за политичките односи на неговата земја со Куба претставуваат враќање кон реториката на Студената војна.

Такво мислење изрази денеска претседателот на Државниот совет и на Советот на министри на Куба Раул Кастро за време на седница на Националниот собрание во земјата.
“Владата на САД одлучи да ја заостри блокадата преку создавање на нови пречки за американските претприемачи и воведувањето на нови ограничувања за патување на своите граѓани на островот, а се правдаат овие активности со непријателска реторика, карактеристична за крајот на Студената војна”, рече кубанскиот лидер, додавајќи дека одлуката на Трамп е “чекор назад во американско-кубанските односи.”
Зборовите на Кастро беа објавени во весникот. “Гранма” – печатен орган на Комунистичката партија на Куба.
Локално.мк потсетува дека на 16 јуни Доналд Трамп објави дека го укинува “едностраниот” договор на претходната американска администрација со Куба за нормализирање на односите меѓу Вашингтон и Хавана. “Не сакаме американски долари да бидат искористени за поддршка на воениот монопол кој експлоатира и малтретира граѓаните на Куба”, објави американскиот претседател и дури ја обвини владата на Куба, дека му продава оружје на Пјонгјанг и помага за дестабилизација во Венецуела. Подоцна Трамп наметна и забрана за бизнис од страна на американски филмови со економски субјекти, контролирани од кубанската армија