Грчката полиција откри голема мрежа за експлоатација на нелегални мигранти. Одделот за организиран криминал на грчката полиција изврши 170 апсења во случајот, вклучувајќи 13 лица кои ја организирале мрежата.
Тие нелегално внесувале мигранти во Грција со ветувања за работа и легален престој. По влегувањето во земјата, им биле одземени пасошите и биле испраќани во различни региони да работат на фарми во многу тешки услови. Им била давана само оскудна храна, без финансиски надомест за нивната работа.
Мигрантите живееле во нехумани услови и им била одбиена медицинска нега, според истражната полиција. Им било забрането да ја напуштат фармата каде што работеле под закана со оружје. Еден од заложниците успеал да пријави повик за помош во полицијата.
Апсењата се извршени во неколку региони на Грција, а истрагата е во тек. Сопствениците на грчки фарми кои ги примиле нелегалните мигранти биле предадени и на обвинителството. Властите сугерираат дека има повеќе вакви фарми каде што мигрантите се претвораат во „виртуелни робови“.