Разбиена мрежа за шверц на кокаин во Шпанија, меѓу уапсените Србин и Хрват

од Stefanija Kuzmanovska
295 прегледи

Во заедничка акција на Европол и шпанската цивилна гарда запленети се 700 килограми кокаин, а уапсени се хрватски и српски државјанин.

По тој повод разбиена е криминална организација која шверцува големи количества кокаин од Јужна Америка во ЕУ преку Канарските Острови, се вели во соопштението на Европол.

Во оваа меѓународна операција, која беше клучна за следење на осомничените и запирање на нивните криминални активности, учествуваа органи на прогонот од Хрватска, Италија и Србија.

Слични содржини