Разбојници упаднале во домот на Дончиќ, итно реагираше полицијата

од Nikola Popovski
31 прегледи

Разбојници упаднале во куќата на кошаркарот Лука Дончиќ, кој настапува за Далас Маверикс. Истрагата на полицијата е во тек.

Како што пренесува познатиот НБА инсајдер, Марк Стајн, Лука Дончиќ веднаш пријавил во полиција.

„Никој не беше дома во тоа време и за среќа на Лука и неговото семејство, сите се безбедни“, изјавила Лара Бет Сигер, негов бизнис менаџер.

Оваа вест доаѓа само неколку дена откако НБА ги предупреди сите кошаркари кои играат дека во последно време има голем број кражби во домовите на спортистите.

Засега не е познато што било украдено од домот на словенечкиот кошаркар.

Дончиќ не е првиот спортист кој ја доживеа оваа судбина во претходните недели. Имено, домот на Боби Портис, кошаркарот на Милвоки, како и домовите на Патрик Махомес и Тревис Келче биле нападнати од разбојници.

Словенецот нема среќа бидејќи на 25 декември заработи повреда која ќе го оддалечи од терените најмалку еден месец.

Слични содржини