196
МВР информира дека разбојник вчера наутро насилно влегол во градинка на подрачјето на Бутел.
Вчера (02.01.2024) во 06.08 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бутел за сега непознат сторител насилно ја отворил влезната врата од детска градинка, по што влегол внатре и извршил претурање.
-Според пријавеното до сега, не е одземено ништо. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.