Razer Sila – најсоодветниот WiFi рутер за гејмери

од Vlatko K
72 прегледи

Razer е еден од водечките брендови за љубителите на игри и секој производ кој нудат на пазарот е инспириран од идејата да ги подобри можностите за гејмингот. Компанијата веќе работи над прототип на безжичен рутер, кој се нарекува Razer Sila. Уредот е создаден да обезбеди максимална брзина врска кон интернет и да ја оптимизира посебно за сите гејмерски уреди кои спаѓаат во нејзиниот опсег. Razer Sila исто така е базиран на иновативниот FasTrack енџин.

Всушност, под ова име се крие интелигентен систем за управување на сообраќајот на интернет. Благодарение на оваа иновација, Razer Sila може да идентификува и дава приоритет на линкот за уредите, кои се користат за видео игри. Според податоците на компанијата, Wi-Fi рутерот е во состојба да разбере кои конзоли се поврзани на мрежата и да го засилува автоматски сигналот за нив, соопштува SlashGear. Така се гарантира оптимална брзина на конекција во секој момент.

Друга голема предност на Razer Sila е неговата поддршка за т.н. „Mesh Network“ мрежи, кои покриваат површина од 1.800 квадратни метри или повеќе, што зависи од бројот на поврзани уреди. Рутерот користи три-бенд конфигурација со фреквенција од 5GHz, при што две од нив секогаш работат со максимална брзина. Корисниците лесно можат да управуваат со Razer Sila од мобилни апликации за Android и iOS. Уредот сега може да се нарача од интернет по цена од 249 долари.