Вистинските преговори за членство на Република Северна Македонија во ЕУ ќе започнат дури кога земјата ќе ги вклучи Бугарите во нејзиниот устав. Ова денес го изјави бугарскиот претседател Румен Радев во Софија.
Тој истакна дека брзото спроведување на билатералните обврски од страна на нашата земја е гаранција за забрзаната европска интеграција на Македонија.
„Политичките разговори меѓу двете земји се одвиваат во нормална атмосфера, во пријателски односи. Мораме да ги решиме сите прашања кои се одложуваат со години. Разговорот за нашата заедничка историја со Република Северна Македонија е неизбежен и очекувам државниците во нашата пријателска земја да покажат политичка мудрост и да ја градат европската иднина на земјата, ослободена од идеологиите на минатото“, изјави денеска Радев за медиумите, напуштајќи го гласачкото место во главниот град на Бугарија.