145
Со овој пијалок полесно ќе се справите со високите температури.
Лубеницата е составена од 90 проценти вода, а богата е со калиум и магнезиум кои се неопходни за рамнотежа на електролитите. За подготовка на пијалок од лубеница, детоксичен енергетски напиток, ви требаат 2 чаши лубеница, сок и изрендана кора од лимета, 20 лисја босилек или нане, 4 чаши вода и по желба хималајска сол.
Лубеницата и водата измешајте ги, а кога ќе се изедначат додадете го сокот и ренданата кора од лимета, босилек или нане и хималајска сол по желба. Поклопете и ставете го во фрижидер најмалку 3 часа. Пред сервирање, пијалокот исцедете го, ставете го во чаши, додадете мраз и украсете со нане.
Ако сакате послатки пијалоци додадете лажица шекер.