Различностите секогаш биле нашата јака страна како дома така и низ светот, вели Ковачевски

од Берта Китинска

Во македонскиот културен центар во Њујорк сретнав истакнати нашинци, прекрасни луѓе со различни искуства и животни приказни, напиша на Фејсбук, премиерот Димитар Ковачевски кој е во Њујорк заедно со својата сопруга.

Различностите секогаш биле нашата јака страна како дома така и низ светот, нешто што треба да го негуваме и развиваме. Ми беше чест да ги слушнам нивните мислења и искуства и да поразговарам за актулените состојби во државата, вели Ковачевски.

Слични содржини