Меган Маркл со сопругот Хари се откажаа од кралските должности па ги шокираа јавноста и семејство. Светот и понатаму зборува за тоа, но овој скандал очигледно не е доволен за војвотката од Сасекс која продолжува да ја „провоцира“ јавноста со своето однесување.
Откако за свој нов дом одбраа мала вила во Ванкувер, покрај Тихиот океан, се чини дека кралскиот пар не сака да биде виден во соседството. Папараците ја фотографирале помошничката на Меган и Хари која била на пазарување. Во количката се нашле разни намирници како и газирани пијалоци. Јавноста по социјалните мрежи брзо ги прозва и ги нарече „мрзеливи и размазени“.
https://www.instagram.com/p/B7-yM2DhGRG/