Разочаран по поразот, Анчелоти одговари дали ќе остане во Реал

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Италијанецот Карло Анчелоти пристигна на прес-конференцијата видливо очаен откако Барселона го победи неговиот Реал Мадрид со 3-2 во финалето на Кралскиот Куп.

„Се обидовме до крај. Барселона беше подобра во првото полувреме, ние во второто. Одигравме одличен натпревар и бевме блиску до освојување на Купот, но тоа е фудбалот. Поразот боли, но не можам да ги обвинам играчите. Тие се бореа“, почна Анчелоти.

Медиумските наслови пред натпреварот сугерираа дека Италијанецот ќе биде отпуштен ако не го освои Купот.

„Можам да продолжам да бидам на клупата, можам да си заминам. Тоа не е тема за денес, туку за наредните недели“, рече Анчелоти.

Слични содржини