Разорен земјотрес со јачина од 7,6 степени ја погоди Индонезија

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Земјотрес со јачина од 7,6 степени по Рихтер денеска ја погоди Индонезија, а потресот се почувствува и во Австралија.

Повеќе од 120 куќи се оштетени на островите Танимбар, каде живеат околу 127.000 луѓе, соопшти Националната агенција за ублажување на катастрофи.

Островите Танимбар се група од околу 65 острови во провинцијата Малуку во Индонезија.

Повредено е само едно лице, а нема информации дали има жртви.

Островите Танимбар не се густо населени.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 7,6 степени бил во Бандското Море.

Метеоролозите издадоа предупредување за цунами кое беше укинато три часа подоцна.

Слични содржини