На Управата за криминалистичка полиција ѝ беше наредено да го испита случајот поврзан со језива машка група на Телеграм, во која 36.000 мажи споделувале слики, снимки и адреси на жени, вклучително и малолетнички. Овој страшен случај е откриен преку социјалните мрежи, а голема заслуга за тоа има Сташа Ивковиќ (21) од Вршац, која прва ја разоткри оваа група и на Твитер ги сподели ужасните пораки кои мажите ги разменувале за неа, пренесе „Нова.рс“.
Самата студентка Сташа била жртва на групата во која се споделувала одмаздничка порнографија. Одлучила да преземе нешто – веднаш се приклучила на групата и ѝ ги претставила на јавноста ужасните работи за кои пишуваат нејзините членови.
„За групата дознав кога ми се јави момче, кого не го познавам лично, за да ме предупреди дека ако добијам непристојни понуди, тоа е затоа што мојот профил на Инстаграм се нашол таму. Некој го испратил мојот профил таму да се распрашува за мене – за мојата цена, како може најлесно да стигне до мене и до мојот телефонски број“, вели Сташа за Нова.рс.
meni je iskreno zao svih devojaka, ovakva bolestina se ocigledno nikada ne moze iskoreniti, pored svih porno sajtova koji postoje, pored svih pornicarki koje dobrovoljno snimaju jebacinu vi saljete slike random devojaka koje su nekome to u poverenju poslale pic.twitter.com/pQKJN12qUe
— С🇷🇸 (@loveontop78) March 7, 2021
Кога станала член на групата, се згрозила. Успеала да остане во групата еден до два часа пред да ја исклучат, но за тоа кратко време видела разни језиви работи.
„Видов слики и снимки од голи девојки, но тоа не е најлошото. Има снимки од силување, има детска порнографија, има снимки со малолетни масерки, има слики од девојки кои очигледно биле скришно фотографирани. Фотографираат дури и девојчиња на улица, кога носат тесни фармерки или здолништа. Што и да помислите најлошо, тоа е во таа група“, открива Сташа.
Таа група на Телеграма не е единствена, туку ги има многу, истакнува оваа девојка. Всушност, има група за секој град – Сташа вели дека видела за Ниш, Кладово и многу други места во Србија.
i ne moze nista da se uradi?? pic.twitter.com/jXlTz8Do4D
— С🇷🇸 (@loveontop78) March 8, 2021
Бидејќи храбро објавила сè на Твитер, Сташа наскоро била преплавена од страшни закани.
„Добив закани дека ќе ме израмнат со земја, дека ова е мојата најголема грешка во животот, дека ќе ме најдат и ќе ме чекаат. Тие дури им се заканија на моите пријатели со кои имам фотографии на Инстаграм, кои немаат апсолутно никаква врска со ова. Тие ги споделиле нивните имиња и презимиња во тие групи“, вели таа.
polako polako nemojte da rezite pic.twitter.com/Vq0nRDmtf7
— С🇷🇸 (@loveontop78) March 8, 2021
Меѓутоа, оваа девојка ги поканила и сите жртви на одмаздничка порнографија да ја контактираат и да ги споделат своите искуства – наскоро нејзиниот „инбокс“ бил преполн.