Разрешени избирачките одбори во две избирачки места во Шуто Оризари

Членовите на ДИК донесоа одлука за разрешување на членовите на избирачките одбори во две избирачки места во Општина Шуто Оризари

од Vladimir Zorba
16 прегледи Фото: Принтскрин

Членовите на ДИК донесоа одлука за разрешување на членовите на избирачките одбори во две избирачки места во Општина Шуто Оризари.

-Согласно одлуката на Управниот суд за поништување на гласањето на овие избирачки места, сметаме како Државна изборна комисија дека треба да преземеме мерки за соодветна организација за гласањето во вториот круг во Општина Шуто Оризари. Во согласност со закон, грижејќи се за законитоста на процесот, сметаме дека се направени пропусти во спроведувањето на изборната постапка во овие две избирачки места каде што Управниот суд го поништил гласањето. Ние како ДИК мораме да интервенираме и да определиме, да назначиме нови избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето во овие две избирачки места. За избирачкото место 2962 се однесува за постапката за гласање за градоначалник, додека за избирачкото место 2966 се однесува за резултатите за изборот на советници, нагласи Кондарко.

Тој воедно информира дека во консултација со соодветните општински изборни комисии каде што нема спроведување на втор круг на гласање, ДИК утре ќе назначи нови избирачки одбори кои добро го спровеле гласањето од други општински изборни комисии. Кондарко потенцира дека во врска со назначувањето на двете избирачки места нема да се оди со избирачки одбори од ОИК Шуто Оризари, ниту со случаен избор на нови, туку ќе се оди со избирачки одбори делегирани од друга општинска изборна комисија кои веќе имаат искуство и по препорака на општинските изборни комисии кои без никакви проблеми го имаат спроведено гласањето.

-Ова може Обвинителството да го смета како информација по допрен глас. И без некое посебно наше известување може да се интересира, ние ќе ја доставиме целокупната документација евентуално доколку има основи на кој начин случајно, намерно од кого, кога се направени ваквите пропусти, дали има простор за евентуална одговорност и постапување. На овој начин ја праќаме пораката дека нема да се толерира никакво незаконито работење на избирачките одбори – не само што ќе бидат разрешени, туку ќе се преземаат сите други неопходни мерки со цело обезбедување и гарантирање на заштита на изборниот процес, заштита на законитоста, рече Кодарко.

Вкупниот број на досегашни акредитирани набљудувачи е 1.565 набљудувачи, од кои 94 домашни и 651 меѓународни набљудувачи, а меѓу нив се и 14 странски новинари. ДИК денеска за Европскиот парламент дополнително одобрри шест набљудувачи и за Здружението за развој на општествено социјални иновации „Вејк ап“-Скопје дополнителни 97 набљудувачи.

Членовите донесоа одлука за определување на авансни средства во вредност од осум илјади денари по рута за вработените на ДИК ангажирани за транспорт на доверливиот изборен материјал за уредите за биометриска идентификација.

Слични содржини