Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи седницата на која се расправа по барањето на СДСМ државниот јавен обвинител Марко Зврлевски да биде разрешен од должноста.

Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски на почетокот од расправата вчера образложи дека предлогот за разрешување е поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.
– За жал републичкото Јавно обвинителство од јануари 2013 година па до денес го претставуваше личност која за целиот свој досегашен мандат несовсесно и непрофесионално ја извршуваше својата задача и не го почитуваше доследно законот, рече Ристовски и, меѓу другото, додаде дека наместо да се грижи за човековите права и слободи, го претставувал Јавното обвинителство со молчење и непреземање никакви дејствија против криминалот.
Во своето обраќање пред пратениците Зврлевски вчера рече дека во изминатите четири години работел одговорно и совесно, врз основа на законот, Уставот и правилата во Јавното обвинителство.
– Во јавноста сум познат дека немам врска со политиката и дека сум наречен добар обвинител, така што немам партиски старешини, па со разрешувањето нема да почнат реформате, ниту ќе се врати довербата во судството, правосудството или јавното обвинителство. Останува на вас да оцените, им порача тој на пратениците.
Петре Шилегов од СДСМ, пак, истакна дека Зврлевски а застанал на страната на криминалците и функционерит екои јс краделе државата. Тој не успеал да ја сочува Република Македонија од политичарите, бранел криминал и дека неговата неспособност не е само политичка констатација и квалификација од страна на нивната партија, туку таква констатација, рече тој, државата добивала во скоро сите извештаи од релевантни меѓународни институции.
Во дискусијата позицијата на Зврлевски жестоко ја бранат само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Тие оценија дека целта на барањето на СДСМ за разрешување на Марко Зврлевски е реваншизам на нивниот лидер и премиер Зоран Заев затоа што јавниот обвинител против него ги покренал обвиненијата за предметите „Пуч “и „Поткуп“.
Зврлевски рече дека предлогот за негово разрешување не го погодува, бидејќи и другите негови предходници кои биле добри менаџери на Обвинителството биле разрешен како нестручни.
“ Не дадов оставка бидејќи сметав дека нема основ. Но, кога видов во дел од медиумите како пратениците на мнозинството водат црна кампања против мене, ми стана јасно дека ќе бидам разрешен. За случајот со „Македонска банка“, се беше преземено и не се поведе постапка оти немаше докази. За снимките што протекоа во јавноста, се утврди дека не потекнуваат од обвинителството, истрагата е кај МВР.
Како Советот на обвинители одлучи да ме разреши кога досега за мене нема ниту една преставка за мојата работа, тоа е занк прашање рече Зврлевски. Дебатата продолжува и денеска во ист ритам.