204
Што побара Африм Гаши од Зоран Заев во Струмица?, вакво прашање постави независниот пратеник Скендер Реџепи Зејд, објавувајќи фотографија од лидерот на Алтернатива и поранешниот премиер и претседател на СДСМ сликани во еден угостителски објект.
Според него, „тоа е прашање од милион евра“.
-Зошто требаше да оди дури до Струмица? Активистите на Алтернатива, како и пошироката јавност, заслужуваат да ја знаат вистината за оваа средба, напиша Реџепи Зејд на социјалните мрежи.
Зејд во јуни минатата година ја напушти матичната партија Алтернатива и стана независен пратеник.
Алтернатива пред еден месец излезе од владината коалиција и веќе делува како опозиција на политичката сцена.