Реакции од Франција за трговскиот договор ЕУ-САД: Не е урамнотежен, ова не е крај на приказната

од desk2
13 прегледи Фотографија: airbus.com

Неколку француски министри денеска порачаа дека рамковната трговска спогодба ЕУ-САД има некои предности, како изземањето на некои клучни француски стопански сектори, како жестоките пијалоци, но во суштина е неурамнотежен, пренесуваат француските медиуми.

Трговската спогодба вчера ја објавија претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон ден Лајен од Шкотска.

„Трговската спогодба што ЕК ја договори со САД ќе донесе привремена стабилност на стопанските актери на коишто им се заканува ескалација на американските царини, но е неурамнотежен“, напиша на социјалната мрежа Х францускиот министер за европски прашања Бенжамин Хадад.

Истиот став го повтори и францускиот министер за индустрија Марк Фераси, кој вели дека ќе бидат потребни дополнителни преговори, коишто би можеле да траат со седмици или со месеци, пред спогодбата формално да биде склучена.

Фераси во изјава за медиумите рече дека е потребно да се направи повеќе во насока на повторно врамнотежување на трговските односи на ЕУ со САД.

„Ова не е крај на приказната“, рече тој.

Францускиот министер за трговија Лорен Сен Мартан изјави оти очекува францускиот сектор на жестоките пијалоци да биде изземен од рамковната трговска спогодба со САД, со која се наметнува царина од 15% на најголемиот дел од увозот од ЕУ во САД.

И Сен Мартан ја смета спогодбата за „неурамнотежена“, повторувајќи ги ставовите на другите француски министри.

Америка и ЕУ постигнаа договор, Трамп е воодушевен: „Ова е најголемиот договор досега!“