Реакции во Хрватска по изјавата на Китаровиќ дека на нејзиниот сопруг му бил нуден статус „бранител”

од Aleksandar Petrovski
307 прегледи

По изјавата на кандидатката за претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, дека на нејзиниот сопруг Јаков му бил понуден статус „бранител”, а тој тоа го одбил, со сооштение се јави Министерството за одбрана.

Во соопштението пишува дека Јаков Китаровиќ како вработени во Министертвото за одбрана во периодот од 1994 до 1996 години го остварил статусот на бранител, но никогаш не искористил ниту едно право кое произлегува од Законот за хрватски бранители, јави дописникот на МИА од Загреб.

Изјавата на Грабар-Китаовиќ дека на Јаков Китаровиќ му бил нуден статус на бранител, а тој одбил, предизвика низа реакции во јавноста и медиумите. Како што пренесе порталот inderx.hr веќе е најавена пријава против „непознат сторител” бидејќи Грабар-Китаовиќ мора да пријави дека таков статус е нуден, бидејќи според овие информации тоа би било кривично дело.

Во овој момент во Хрватска има 505.000 реистрирани бранители.

Инаку, овие недоразбирања доаѓаат непосредно пред вториот решавички круг од претседателските избори кој се одржува в недела на 5 јануари.

Слични содржини