Реакциите во јавноста се уште не стивнуваат по објавената фотографија од роденденската прослава на лидерот на ДУИ во новата зграда на Министерството за политички систем.
Министерот Османи ја објави фотографијата со едноставно објаснување „4 јануари“.
На фотографијата се гледа како функционерите на ДУИ седат еден до друг, без дистанца и без заштитна маска. По реакциите од јавноста Османи ја тргна фотографијата од социјалните мрежи.
Жанета Трајкоска од Институтот за комуникациски студии излезе со свој свој коменатр излезе на Фејсбук:
,,Бујар Османи, изгледа не мислел дека на граѓаните ќе им текне дека е ужасно дегутантно тоа што денеска, како господари на нашите души се сликаа арслан до арслан на журката за роденденот на Али во новите простории на Министерството за неодење на работа. Откако сфатил, храбро си го повлекол постот за да може да ги заборавиме до утре, кога ќе излезе на прес да ни каже колку многу работат за Македонија, се мачат и им е тешко. Еве ја сликата, па да ги направиме славни…“-пишува Трајкоска.
ВМРО-ДПМНЕ бара казни за функционерите
„Фрапантна е фотографијата на министрите и функционерите на власта кои без маска и соодветна заштита ги користат државните институции за славење на роденден“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Секаде во светот министерствата се користат за работа, само во влада на чело со Заев за родендени. Наместо министерствата да им служат на граѓаните, во Македонија тие им служат на функционерите на власта за славење на родендени.