Реакција од кабинетот на Пендаровски за мапата со „Голема Бугарија“ на Каракачанов

од Берта Китинска
397 прегледи

Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки, стои во реакцијата од  кабинетот на претседателот Пендаровски, откако бугарскиот премиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов на социјалните мрежи објави честитка за 8. март со карта на голема Бугарија.

„Претседателот Пендаровски, во однос на ваквите изјави кои доаѓаат од Софија секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи. Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки.“, стои во реакцијата од кабинетот.