Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски беше гостин во Централниот Дневник на 1ТВ и заедно со Јадранка Костова ги анализираше настаните кои ја одбелажаа неделава во врска со откажувањето на субвенциите на весникот „Заман“, но и за заканите на министерот Османи.
На почетокот на неделата успешно беше најавен проектот за владини субвенции за помош на печатените медиуми, кој помина транспарентно, но веќе наредниот ден следеше реакција од турската амбасада, коа резултираше со тоа што весникот „Заман“ се откажа од субвенциите во интерес на вредностите на народите.
„Ова не е прв пат турската амбасада да реагира на тоа што се случува со весникот Заман и пред две години за настаните во Турција имаше обиди за практично да се затвори тој весник. Тие направија и своевидни демонстрации, но ние во тоа не можеме да се мешаме. Тоа што можеме е да им ја дадеме целосната поддршка во насока на идното излегување на весникот“, рече Чадиковски, кој додаде дека може да ја информираат меѓународната федерација за тоа што се случува, но делот на „Заман“ е нивна одлука и дека истата ќе ја почитуваат.
Реагиравте на изјава на Османи кој побара извинување и се закани со тужби заради случајот кој го обелодени Царовска. Сметате ли дека тоа е неадекватна реакција особено од партија која е на власт?
„Не само што е неадекватна, не е примерна за министри во влада да се закануваат со тужби и тоа е обид за ограничување на слободата на говорот. Министрите ако имаат проблеми меѓу себе да не ги мешаат новинарите кои истражуваат и анализираат. Оттаму беше и нашата реакција, па Османи се извини иако не ги повлече до крај заканите, но го намали опсегот на заканите“, кажа претседателот на ЗНМ.