Реал го информирал Навас дека нема веќе да се потпираат на него

од Vlatko K
118 прегледи

Раководството на Реал Мадрид го информирало Кејлор Навас дека нема да сметаат на него во
следната сезона, тврди „La Sexta“.


Костариканскиот голман се очекува да започне како стартер во последното коло од сезоната
против Реал Бетис на „Сантијаго Бернабеу“, за да може да се збогува со навивачите на тимот.

Навас одигра пет сезони во дресот на Реал Мадрид, во кои го освои три пати трофејот од Лигата на
Шампионите, еднаш шампионската титула во Ла Лига, три пати Суперкупот на Европа, четири пати
Светското клубско првенство и еднаш Суперкупот на Шпанија.

Кејлор Навас пристигна во Реал Мадрид во август 2014 година, откако Флорентино Перез плати за
него 10 милиони евра на Леванте.

Неговото официјално деби беше на 23 септември против Елче.

Навас има договор со „белите“ до 30 јуни 2020 година. Оваа сезона голманот одиграл 20
натпревари, во кои примил 19 гола.