Реал Мадрид има криза во соблекувалната на само еден ден пред првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Арсенал, пренесуваат шпанските медиуми.
Избраниците на Карло Анчелоти гостуваат во првиот натпревар на „Емирати“ стадионот каде ќе го продолжат походот за одбрана на европската круна. Тие претходно го победија Манчестер Сити во плеј-оф рундата, а потоа го елиминираа Атлетико Мадрид на пенали во осминафиналето.
Четворица играчи на Реал (Антонио Рудигер, Килијан Мбапе, Дани Себаљос и Винисиус Жуниор) се соочија со потенцијална суспензија поради наводно прекршување на основните правила за пристојност на УЕФА за време на нивната прослава после натпреварот против Атлетико.
Сепак, Рудигер и Мбапе избегаа со парични казни и суспензии од еден натпревар, кои нема да бидат спроведени додека некој од играчите не направи сличен прекршок во следните 12 месеци. Во меѓувреме, Себаљос доби само парична казна, додека Винисиус беше ослободен од обвиненијата.
Сепак, сега се појави нов проблем само неколку дена пред пресметката со Арсенал. Шпанскиот весник „Марка“ пишува дека соблекувалната на Реал била длабоко потресена по саботниот пораз од Валенсија на Бернабеу со 2:1.
„Марка“ тврди дека менаџерот на Реал, Карло Анчелоти морал да зборува во соблекувалната и да инсистира дека ништо не е загубено, велејќи: „Сè уште е на дофат и повторно сè ќе зависи од вашата желба на теренот во наредните натпревари“.
Реал утре ќе се обиде да ја забележи првата победа во историјата над Арсенал. Во сезоната 2005/06, Реал загуби со вкупни 1-0 од тимот на Арсен Венгер во осминафиналето на Лигата на шампионите, при што двете средби беа единствените натпреварувачки средби помеѓу двата клуба.