Реал ја дозна цената на Погба, и таа е доста солена

од Vlatko K
152 прегледи

Реал Мадрид беше најактивен од големите тимови на летниот трансфер пазар и даде преку 320
милиони евра за зајакнување за новата кампања. Сепак, тренерот Зинедин Зидан се залага за уште
една нова ѕвезда да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ – Пол Погба.


И ако претседателот Флорентино Перез навистина сака да го донесе Французинот во Мадрид, тој ќе
мора да одвои голема сума. Според весникот „А“, „белите“ добиле информација од Манчестер
Јунајтед за колку може да го добијат играчот од средниот ред. Тоа е помеѓу 135 и 140 милиони
евра.

Таквиот трансфер би го направил Погба третиот најскап играч во историјата на фудбалот. Досега се
платени повеќе пари за Нејмар (222 милиони евра) и Килијан Мбапе (180 милиони евра). За
Французинот веќе беа платени 105 милиони евра кога се пресели од Јувентус на „Олд Трафорд“.

Реал веќе плати 100 милиони евра за играч ова лето. Тие беа дадени за Еден Азар од Челзи, а
износот може да достигне до 130 милиони евра во зависност од бонусите. Но, дури и тогаш тоа ќе
биде помалку од она што ќе треба да се плати за Погба.