Реал најде напаѓач во Англија: Анџелоти го сака шпицот на Евертон
Според англиските медиуми, новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сака да го донесе напаѓачот на Евертон и англиската репрезентација Доминик Калверт-Луин (24), со кого соработуваше на „Гудисон Парк“ минатата сезона.
Калверт-Луин е член на Евертон од 2016 година, кога пристигна од Шефилд Јунајтед за само еден и пол милиони фунти, но сега може да се пресели во Реал за околу 50 милиони фунти, или околу 58 милиони евра.
Под водство на Анчелоти, тој постигна 21 гол и му покажа на Италијанецот што може да стори, па не е изненадувачки што ново-стариот тренер на „белите“ сака да соработува со него и на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Додека раководството на Евертон во времето на короната беше соочено со загуба од дури 240 милиони фунти, тие веројатно нема да размислат многу пред да ја прифатат понудата за Доминик.