Реал се „откажа“ од Милитао без објаснување

од Vladimir Zorba
393 прегледи

Стартниот централен дефанзивец на Реал Мадрид, Едер Милитао не се најде во групата на тимот за денешното гостување кај Мајорка во натпревар од Примера. Сепак, од клубот не сакаа да ја откријат причината за ваквата одлука. Генерално, Бразилецот е здрав и се очекуваше да игра.

Една од теориите е дека Милитао е „поштеден“ затоа што „виси“ со жолти картони и доколку добие нов би го пропуштил дербито со Барселона на крајот на неделата. Сепак, можно е дефанзивецот да има позитивен тест за коронавирус, што е вообичаено.

Поранешниот играч на Порто оваа сезона беше стартер на 26 од 27 натпревари на Реал во првенството, а ниту еднаш не беше заменет.

Слични содржини