Реал Мадрид го совлада Баерн Минхен со 2:1 на гостувањето на „Алијанц Арена“ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Баерн во 28 минута со голот на Џошуа Кимих поведе со 1:0 и изгледаше како да има поголема  контрола на теренот.

Меѓутоа, Марсело со удар од работ на шеснаесетникот во 44. минута постигна гол и донесе израмнување пред паузата.

Во вториот дел конечниот резултат го постави Марко Асенсио по брза контра во 57. Минута.

Баварците не ја искористија предноста на домашен терен, а реваншот се игра на 1 мај во Мадрид.

На другата полуфинална пресметка Ливерпул има предност од 5:2 над Рома пред гостувањето во Рим на 2 мај.

https://youtu.be/OPnSezPbJ0E

 

 

Слични содржини