Реанимација на мртви мозоци може да биде полоша од смрт

од desk2
92 прегледи

 

Експериментирањето со оживување мртви мозоци може да предизвика заробување на луѓето во вечен пекол и на судбина полоша од смртта, смета Бенџамин Кертис, професор по етика и филозофија на Универзитеотт Нотингам Трент во Велика Бротанија.

Кетрис коментираше еден неодамнешен експеримент, во кој мозоците од свињи се одржувани во живот до 36 часа откако главата на животното била одвоена од телото.

„Дури и научниците повторно да го оживеат вашиот мозок, мора до крајот на животот да го поминете во кутија, лишени од чула заробени во својот сопствен ум“, вели етичарот.

„Во најдобар случај може сами себе да си правит друштво до крајот на животот. Многумина сметаат дека и со потполно функционално тело, бесмртноста може да биде многу макотрпна. Со апсолутно отсуство на контакт со надворешниот свет, тоа е чист пекол. Таков живот е полош од смртта“, вели Кертис.