За Грција базата на САД во заливот Суда на островот Крит е еден многу важен геополитички момент. За среќа, грчките политичари созреаја и повеќето од нив се согласни базата да биде отстапена на САД.
Но во таа смисла демне опасност од можно грчко-американско недоразбирање во врска со базата во Суда.
Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, не еднаш јавно изјавувал дека треба да има нов договор за рок од пет до седум години за користење на таа база од американците.
Досега таков договор секоја година беше обновуван. Желбата на Вашингтон е базата да се прошири и модернизира.
Во идеален случај, американската страна би сакала договорот за базата да биде на десет години, за да се дозволи едно подолгорочно планирање.
Но владата во Атина е можно да се соочи пред политичко прашање ако обновувањето на договорот за таа база мине низ парламентот.
Всушност, не е јасно дали владејачката коалиција во таа смисла ќе добие поддршка и од опозицијата.
Во меѓувреме, кабинетот на Ципрас храни некои надежи за обезбедување на евентуални компензации и обврски од САД.
Како една од тие можни компензации се смета на евентуално добивање на техника од оружените вишоци на САД, као што се противракетни системи Арлеи Бурк, кадарни да носат ракетни системи АЕГИС, или договор за купување на лови Ф-35.
Од страна на Пентагон, а исто и од Конгресот на САД, кој ќе има одлучувачка задача при едно такво решение, тие очекувања засега се оценуваат како неосновани.
Се смета дека е невозможно Грција да биде вклучена во една програма за достава на воена помош како оние за Египет и Израел.
Луѓето кои носат одлуки во Атина уверуваат дека треба на некој начин да бидат обезбедени компензации кои ќе дадат основа за проширување на договорот.
Во Вашингтон постои уверувањето дека проширувањето на договорот вака или онака ќе биде реализирано и дека околностите околу тој договор можат да се променат само ако Турција сосема го исклучи пристапот на САД до базата Инџирлик.
Високи американски претставници и членови на Конгресот ги истакнуваат користа и обврските кои би можеле да ги донесат инвестициите поврзани со модернизацијата на базата во Суда, а исто и за локалната заедница и воошто за зацврстувањето на стратепкото партнерство меѓу Грција и САД.
Очигледно е дека вистинското решение треба да се најде и тоа да биде во контекст на очекуваните значителни обврски, и на желбата на Вашингтон за проширување на договорот за таа база.
Компетентни извори сметаат дека премиерот Алексис Ципрас сеуште не се произнесол јасно по тоа прашање. Тие се убедени дека главен приоритет за Ципрас е не толку да добие воена теника, колку да си обезбеди геополитичка поддршка за својата влада во неговата битка за грчкиот долг и за зауздувањето на Турција
Катимерини – Атина