[РЕЦЕПТ] Посна сарма за Бадник

од Vladimir Zorba
1,6K прегледи

Производи:
1 средно голема кисела зелка
4-5 главици кромид
2 моркови
100 мл масло
1 чаша ориз
сол, црн пипер
неколку стапчиња магдонос
1 лажиче сол
половина чаша пасирани домати
половина лажичка црвен пипер8693103c8c0428daa60f8154b68dede0

Подготовка:
Исцедете ја зелката од сокот и одвојте ги листовите еден по еден. Загрејте добри масло и запржете ги сецканиот кромид и морковите. Кога зеленчукот ќе поомекне, додадете го оризот и црвениот пипер. Кога ќе станат зрната транспарентни, дотурете вода.

Кога е речиси сварен, ставете пасирани домати, малку сол, црн пипер, чубрица и сецкан магдонос. Измешајте ја добро смесата и тргнете од топлина. Земете еден лист зелка и раширете го добро. Ставете малку од филот и заврткајте.

На дното на тенџерето ставете неколку листови од зелката. Врз нив подредете ги сармичките притиснете ги со чинија. Истурете топла вода (може и околу 1 чаша сок од зелка), која ќе ги покрие сармите и гответе на тивок оган до подготвеност на јадењето (околу еден час).
Фото: Thinkstock