Производи:
200 г брашно
500 г тиква
100 г ореви
100 г вода
100 г масло
150 г шеќер
лажица цимет
Начин на приготвување:
Направете тесто од брашното и водата и исукајте 5 кори. Сварете ја и излупете ја тиквата од кората. Посипете со шеќер, мелени ореви и цимет и откако ќе се излади наредете во корите на редови и поклопете со последната кора.
Испечете на умерена температура и посипете со шеќер во прав.