Речиси 18 милиони луѓе се заразени со корона ширум светот

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Според Worldometer, бројот на заразени со коронавирус во светот се приближува до 18 милиони.

Првиот милион заразени достигна 2 април, што значи дека требаше најмалку два месеци. Денес бројот на заразени лица се зголемува за еден милион за четири дена – 16 милиони се регистрирани на 29 јули, 15 милиони на 25 јули…

Повеќе од една четвртина од оние кои се позитивни на Ковид-19 се во САД, каде се регистрирани скоро 4.800.000 пациенти. По нив следува Бразил со 2.675.676, потоа Индија, со 1.751.836…

Само во Индија, денес се пријавени близу 55.000 случаи и 852 смртни случаи, во САД 37.793 нови случаи и повеќе од 600 смртни случаи.

Во Европа, Русија има најмногу луѓе заразени со коронавирус – скоро 850 илјади и повеќе од 14.000 жртви, по што следат Шпанија со 335.602 случаи, Велика Британија со 303.953, Италија со 247.832, Германија со повеќе од 211.000 заразени.

Светската здравствена организација објави дека вчера во светот е забележано рекордно зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус – 292.527.

Иако се зборува за втор бран на епидемија во некои земји, експертите генерално посочуваат дека станува збор за еден голем пандемски бран што има подеми и падови.

Се верува, пишуваат светските медиуми, дека реалниот број на пациенти во светот е многу поголем од официјалниот, заради ограничените можности за тестирање, асимптоматски случаи, како и затоа што не се знае колку луѓе не пријавуваат дека се болни.

Слични содржини