Речиси 20 информатори на ЦИА се убиени од страна на кинеската влада за две години

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Меѓу 2010-та и 2012-та до 20 информатори на ЦИА биле убиени или затворени од кинеската влада, пренесува “Њујорк тајмс”. Не е јасно дали ЦИА била пробиена или “шпион” им помогнал на Кинезите да ги идентификуваат агентите.

Еден од информаторите бил застрелан во дворот на владина зграда како предупредување за другите.

Во моментов од ЦИА нема коментар по прашањето. Во 2012-та вработен на кинеското Министерство за државната безбедност беше уапсен под сомневање за шпионажа за САД.