Речиси 500 казни за неносење заштитна маска, 11 лица го прекршиле полицискиот час

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информира дека од 22.00 часот (26.03.2021) до 05.00 часот (27.03.2021) констатирано е дека 11 лица не ја почитувале забраната за движење.

„Во текот на изминатото деноноќие (26/27.03.2021), пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 499 прекршоци. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19“, се вели во соопштението.

Слични содржини