Речиси целосно вакцинирани, a повторно воведуваaт ограничувања – може да траaт дури 15 години?

од Vladimir Zorba

Главниот епидемиолог на Исланд, Торолфур Гуднасон, рече дека не може да исклучи дека неодамна воведените ограничувања поради Ковид, може да траат до 15 години.

И тоа и покрај фактот дека огромното мнозинство од возрасната популација на Исланд е вакцинирано.

„Може да се случи, никој не знае што носи иднината. Ние цело време го велевме тоа, дека нема предвидливост во ова“, рече тој за весникот „Моргунбладид“, пренесува „Спутник“.

Торолфур Гуднасон нагласи дека епидемијата нема да престане во оваа земја додека не запре низ целиот свет. Тој, исто така, призна дека заштитата на вакцината од инфекција е помала, тврдејќи дека одбраната од сериозни болести се уште се проценува на 90 проценти.

На 26 јуни, исландските власти одлучија да ги отстранат сите ограничувања, што ги натера медиумите ширум светот да ја прогласат за земја што го победила коронавирусот.

Во тоа време, неколку недели не беше регистриран случај на Ковид-19, а од декември минатата година, нема смртни случаи. Во исто време, огромното мнозинство од возрасната популација на Исланд е вакцинирано, а уделот на вакцинирани лица постари од 50 години беше близу сто проценти.

Сепак, Исланд оттогаш забележа брз пораст на заразени со делта-варијантата, со голем процент на нови инфекции меѓу целосно вакцинираните. Оваа недела, ширењето на инфекцијата достигна највисоко ниво досега, со 131 случај дневно.

Нов бран на инфекции ги принуди исландските власти повторно да воведат ограничувања, како што е употребата на маски во затворени простории.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) го опиша Исланд како „портокалов“ во најновиот извештај за глобалната епидемиолошка состојба.

Претходно оваа недела, „Моргунбладид“ објави дека Исланд може да се класифицира како „црвен“ во однос на неодамнешното зголемување на стапката на инциденца на Ковид-19, која оваа недела надмина 200 случаи на 100.000 луѓе.

Досега, 7.676 случаи на инфекција и 30 смртни случаи се регистрирани во Исланд, земја со околу 330.000 жители.

Слични содржини