Ред Бул ги нападна Ферари и Мекларен поради „мини ДРС“

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Техничкиот директор на Ред Бул, Пјер Ваше ги обвини ривалите на поранешните светски шампиони во Формула 1 дека се уште користат т.н. „мини ДРС“.

Отворањето повеќе простор помеѓу хоризонталните елементи на задното крило при голема брзина со затворен ДРС беше тема минатата година, а обвинувањата беа упатени кон Мекларен, при што ФИА се обиде да го затвори проблемот со нови правила против свиткување на крилата.

„Ова продолжува“, објасни Ваше за The Race. „Мислам дека Ферари и Мекларен се уште користат мини ДРС.

Мекларен го смени задното крило минатата година, откако другите тимови се пожалија на свиткување на неговите хоризонтални елементи, но на почетокот на 2025 година сè уште има незадоволни луѓе.

„Снимките јасно покажуваат дека некои елементи од задните крила сериозно се наведнуваат“, додаде шеф на тим од Формула 1, кој сакал да остане анонимен. „Но, ние внимателно следиме што се случува по ова прашање“.

Ваше објасни дека очекува оживувањето на дискусијата за „мини ДРС“ да биде важна тема на почетокот на сезоната во Формула 1, која започнува кон средината на март со Големата награда на Австралија.

Слични содржини