Ред Бул го спречиле Рено да го задржат Карлос Сајнц Џуниор

од Vlatko K

Шефот на тимот на Рено во Ф1, Сирил Абитбул изјави дека Ред Бул го спречиле тимот да го задржи Карлос Сајнц Џуниор. Шпанецот беше „на заем“ од Ред Бул во францускиот тим, но наместо да остане таму, тој ќе се натпреварува за Мекларен во 2019.

„Многу е чудно“, рече Абитбул. „На крајот се покажа полесно да потпишеме со Даниел Рикардо, отколку со Карлос“.

„Ред Бул го блокираа нашиот обид да постигнеме договор со Карлос за постојан договор. Околу трката на „Пол Рикар“ направивме многу сериозен чекор, но Ред Бул не се согласија. На крајот на краиштата тие сепак останаа без него, што беше многу чудно“.

Абитбул сепак изјави дека се радува дека Сајнц ќе ја продолжи својата кариера во Формула 1.

„Жалам дека не остана со нас, но и покрај тоа се радувам што отиде во Мекларен, каде што има многу работа. Сигурно немам чувство дека меѓу нас се изгорени некакви мостови“, заврши Французинот.

Слични содржини