Реџепи: Гасоводот мора да се гради преку Водно

од desk2

Низ Водно во должина од 9 километри ќе се гради подземна цевка на гасоводот, а потоа теренот ќе се врати на првобитниот изглед на земјиштето. За неколку месеци тој појас ќе изгледа исто како пред градешните зафати, рече денеска Бајрам Реџепи од Македонски енергетски ресурси, на заедничката прес-конференција со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за екологија Јани Макрадули и градоначалникот на Скопје, Шетр Шилегов.

Таму каде што треба да да се сече најголемиот дел од дрвната маса, намалено е штетно влијание за 70 отсто, од првобитниот план. Тоа е о,07 отсто од вкупната дрвна маса на дрвјата на Водно. Или помалку од 1.500 кубни метри дрво, потенцира Реџепи.

За барањата да се премести оваа траса на северниот дел од Скопје, на Скопска Црна Гора. Таквото решение нема да биде поеколошки од сегашното решение, смета Реџепи. И таму ќе се сечат дрвја и тоа повеќе од сега. Треба да помине преку многу населени места и во близина на главниот извор за водоснабдување на Скопје. Ако одиме на таква варијанта ќе треба да одложима за најмалку пет години, што не е исплатливо. А тоа драстчно ќе го зголеми контото на проектот, наштие пресметки се грубо околу 20 милиони евра, вели Бајрам Реџепи од Македонски енергетски ресурси.

Слични содржини