Реџепи ја прифати новата иницијатива од ВМРО-ДПМНЕ за доверба на владата

од Берта Китинска
307 прегледи

Начелно го прифаќам предизвикот на Мицевски за нов список за уривање на Владата, без Левица, вели пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи во изјава за ТВ Сител.

Според него, конечната одлука на партијата ќе биде соопштена денеска.

-Ќе има нов список со најмалку 20 потписи, а можат да бидат 59 или 70, меѓутоа без Левица, додава Реџепи.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски денеска преку социјалните мрежи му понуди на Реџепи да поднесе нова иницијатива за рушење на владата заедно со уште 19 потписи од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

-Колега Скендер Реџепи, да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ, напиша Мицевски на Фејсбук.

Слични содржини