Реџепи: Албанците во Македонија не треба да бидат заложници на неколку лица на патот кон ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Во иднина албанските општини можат да си го бараат патот кон ЕУ доколку земјава не продолжи на европскиот пат, порача независниот пратеник Скендер Реџепи од собраниската говорница денеска.

Албанците во Македонија, наведува тој, не треба да бидат заложници на неколку лица на патот кон ЕУ.

„Албанците не го оспоруваат идентитетот и јазикот на македонскиот народ, но може во блиска иднина да се случат и други барања, каде што албански општини можат да го бараат патот кон ЕУ. Треба да имаме одговорност во Собранието“, истакна Реџепи.

Според него, историските проблеми помеѓу Македонците и Бугарите ќе останат и понатаму и не можеме да ги решаваме со пратеници туку со историчари.

„Најдобро решение е преку измена на Уставот и нашата иднина да биде во ЕУ. За Бугарите, Гоце Делчев е Бугарин, а за Македонците останува Македонец. Треба да се отворат хоризонтите на државата во Унијата“, подвлече Реџепи.

Слични содржини