Реџепи: Не сакам да дебатирам со Левица, тие сакаат да отворат ретроградни теми

од Берта Китинска
377 прегледи

ДУИ успева и по потежок пораз заедно со Груевски сепак да се врати на сцената. Околу секоја идна влада ДУИ придонесува да се формира влада, а од друга страна Левица е потребна за формирање влада која не е на СДСМ. Компромис треба да се прави меѓу ДУИ и Левица, вели пратеникот Кастриот Реџепи за Утрински Брифинг

-Со ДУИ имаме заеднички точки особено за проекти поврзани со Албанците. Со  Левица немаме заеднички точки, напротив, тие се ретроградни, сакаат да го поништат признавањето на Косово. Во Парламентот не сакам да дебатирам со нив оти тие тоа и го сакаат да им се реплицира за да ги покренат тие радикални и ретроградни теми, вели Реџепи.

Според него Беса направи важен стратешки чекор со тоа што влезе во предизборна коалиција со СДСМ.

– Јас во политика влегов за да бидам опонент на ДУИ, но не по секоја цена. Не се прават комбинации од кои ќе произлезе штета. Не мислев дека може да има политичка влада без ДУИ. Треба со програми и понуди да се покаже конзистентност и да се победи ДУИ на избори, појаснува Реџепи.

За тоа дали има можност Беса да се врати во владата, пратеникот вели дека Беса како партија само што започна.

-Подготвен сум да бидам мостот на поврзувањето и поддржувачите го сакаат тоа.Мислам дека ќе надвладее разумот, ќе разговараме, а можеби и ќе ме убедат дека е подобро Беса да излезе од владата, коментира Реџепи.

Слични содржини