Реџепи објави американско знаме по исклучувањето од БЕСА

од Nikola Popovski

Откако лидерот на БЕСА, Билал Касами објави дека Кастриот Реџепи е исклучен од партијата, се огласи и пратеникот. Тој сподели фотографија од американското знаме, на која пишува: „Господ да ја благослови Америка“.

Касами попладнево информира преку Фејсбук дека го исклучил Реџепи од партијата.

-Земајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот Кастриот Реџепи, кој ден претходно не се појави во собранието, за поддршка на иницијативата за недоверба на владата, со која постапи во спротивност со одлуката на партијата и сериозно го оштети угледот и честа на партијата, БЕСА, односно јас како Претседател на партијата, согласно статутарните норми согласно член 14 став 3 3.3 од Статутот на партијата, го исклучувам гореспоменатиот член од сите позиции во партијата. Оваа одлука стапува на сила веднаш, напиша Касами.

Слични содржини