322
Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива денеска го информирал претседателот на Собранието, Талат Џафери дека во иднина ќе дејствува надвор од неговата пратеничка група.
-Почитуван претседателе, ве известувам дека од денес 14.06.2022, јас Скендер Реџепи ќе дејствувам како независен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, стои во писмото упатено до спикерот Џафери.
Претходно Реџепи беше координатор на пратеничката група на Алтернатива/Алијанса за Албанците, додека неговата матична партија беше во опозиција.