Реџепи се сретна со Османи: Ќе формирам иницијатива во Собранието „Европа 21“

од Nikola Popovski
323 прегледи

Соодветно на моите последни политички одлуки и активности, сакам да информирам дека одлучив да покренам неформална политичка иницијатива во Собранието на Република Северна Македонија – ЕВРОПА 21 – за обединување на прогресивните сили во насока на задржување на евроатланската перспектива на земјава, особено во пресрет на претстојните самити на Европската Унија, објави пратеникот Кастриот Реџепи.

Тој најави дека веќе го остварил првиот чекор, и после вчерашната средба со премиерот Заев, денес имал продуктивна средба со Министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

-На средбата одблиску се запознав со сите процеси од надворешната политика поврзани со европските интеграции на земјава. Како што очекував, добив силна потврда за големиот број активности кои се преземаат и од наша стана, но и од нашите меѓународни пријатели за да се одблокира овој процес, активности во кои целосно верувам и поради тоа ќе го вложам целиот мој политички капацитет, објави Реџепи.

Тој ги повика сите прогресивни сили и упати апел до пратениците, да му се придружат и да се обединат за да може нашиот политички став да добие ефективна реализација.

Османи информира дека покрај актуелните севкупните состојби, го информира Реџепи и за впечатоците и пораките добиени од последната посета на Брисел, како и за пораките со кои изминатава недела во Скопје пристигнаа премиерот на Холандија, Марк Руте, како и новиот сојузен министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Михаел Линхарт.

-Сметам дека пратеникот Реџепи направи мудра политичка одлука и со своето политичко делување го зачува евроатлантскиот курс на земјата, не дозволувајќи притоа загрозување на процесот ни интеграции во еден чувствителен период кога се очекува да бидат донесени клучните одлуки, стои во објавата на министерот за надворешни работи.

Слични содржини