Реџепи: Тетово е бастион на БЕСА

од Берта Китинска

Потребана е  храброст и одговорност да се излезе на избори, но и на некој начин жртвување. Тоа јас го сторив на барање на структурите во партијата, но и на голем број на граѓани, изјави во Утрински брифинг Кастриот Реџепи потпретседател на движењето БЕСА.

-Ја прифатив кдидатурата. Резултатот не е задоволувачки. Анализираме, бидејќи во ниедна проекција бројката на гласови не излегуваше. Симптоматично е дека бројот на гласовите на кандидати на листата се исти , што значи дека немаме добиено ниту еден глас од ниту една политичка партија. Така што интресен е моментот дали некоја од партиите ги усмерила кон друг кандидат, вели Реџепи.

-Тетово е бастион на БЕСА. Кандидатурата на Касами предизвика заинтересираност и граѓаните дадоа поддршка за нашата опција. Според анкетата на ИРИ, 82 проценти изразија незадоволство од работата на актуелната градоначалничка и очекуваме победа во вториот круг, вели за Утрински брифинг Кастриот Реџепи од БЕСА. Гласачите на СДСМ не треба да имаат дилема на кого ќе ја дадат поддршката во вториот круг од локалните избори во Тетово.

Слични содржини