Редици на бензиските станици по најавата за поскапување на горивата (ФОТО)

од Vladimir Zorba
894 прегледи

Редици на бензиските станици попладнево во Скопје по најавата за зголемување на цената на горивата.

Цените на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат за три и пол денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 54 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 56 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот ќе биде 45,50 ден/лит.

За 2,5 денари се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство така што новата негова цена ќе биде 33,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 2,026 ден/кг во однос на минатонеделната ценатака што во следните седум дена ќе се продава по цена од 18,169 ден/кг.

Со новата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,51 проценти што според РКЕ се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар.

Бензински станици
Бензински станици
Бензински станици

Фото: Локално

Слични содржини