Редици во Кина: Луѓето чекаат да примат вакцина која сè уште не е тестирана, иако треба да платат за неа

од Берта Китинска
646 прегледи

Вакцинацијата против Ковид 19  започна во градот Јиву, во источна Кина, иако вакцината сè уште не ја поминала последната фаза од клиничките испитувања.

Пред болницата имаше  долга редица, изјави за Би-Би-Си репортер од Кина.

Стотици луѓе чекаа во ред за вакцина за која, треба да платат околу 60 американски долари.

Да потсетиме, Кина досега вакцинираше неколку десетици илјади граѓани со експериментална вакцина. Програмата за развој на итни вакцини за коронавирус започна во јули, а Кина нуди три експериментални дози развиени од лабораториите на државниот фармацевтски гигант Кина Национална фармацевтска група (Синофарм) и Синовац Биотех.

Слични содржини